Вести Македонија Најважни

СДСМ: Премиер, вицепремиери, министри и пратеници да бидат само со македонско државјанство

СДСМ најавува иницијатива за законски измени со кои ќе се постави јасен услов, премиер, вицепремиери, министри и пратеници да можат да бидат лица кои поседуваат само македонско државјанство.

„Бидејќи Мицкоски вели дека имало поголеми Македонци и помали, а Божиновска била најголема Македонка, тие измени ќе бараме да важат веднаш, од актуелниот состав. Нашите институции мора да ги водат луѓе кои имаат само една држава и лојалност кон само една држава, кон Република Северна Македонија. Време е оваа Влада да покаже дали сака вистински патриотизам или ќе се служи со лажниот и понатаму. Нашиот став е јасен: политичарите мора да бидат лојални на народот, на државата и на иднината на оваа земја. Затоа, бараме веднаш Божиновска да поднесе оставка и повикуваме сите граѓани да ја поддржат оваа иницијатива за да осигураме дека само луѓе кои искрено стојат зад државата ќе можат да ја водат државата“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе