Вести Македонија Најважни

Според БГНЕС Сања Божиновска уште во 2004 година изјавила дека има бугарска национална свест и потекло

Бугарскиот медиум БГНЕС овјави текст во кој како што вели ја пренесува содржината од изјавата на министерката за енергетика Сања Божиновска со која побарала бугарско државјанство. Барањето според информациите до кои дошол медиумот било поднесено пред две децении и во него таа го изразила своето убедување дека има бугарски идентитет и корени. – Изјавувам дека имам бугарска национална свест и бугарско потекло. Ова, според БГНЕС, било напишано во изјавата од 2004 година.

Се додава и дека во 2004 година Бугарија сè уште не е членка на Европската унија. Сања Божиновска добро ја знаеше постапката, затоа што покрај нејзината мајка и татко, и нејзиниот брат Даниел е бугарски државјанин. Во текстот на медиумот се вели и дека доколку Божиновска дала лажни информации тогаш според бугарското законодавство е кривично одговорна.

На 18 октомври годинава Божиновска во изјава тврдеше дека „ниту еден граѓанин на Македонија, кој се стекнал со бугарско државјанство, не се чувствува како Бугарин“. Таа тврдеше дека доставила документи за бугарско државјанство, како и десетици илјади други Македонци, само од „економски причини“. Божиновска своевремено ја нарече постапката „измама со документи воведена од бугарската држава“.

Сепак во изјавата за аплицирање за бугарско државјанство, Божиновска изјавила дека нејзината мајка и татко се Бугари по потекло, се вели во текстот на бугарскиот медиум.

Министерката за енергетика, која како што пишува БГНЕС е една од најблиските министри на премиерот Христијан Микоски, во потпишаниот документ не ги прецизира „економски причини“ или „работа во странство“, како што тврди, а исто така ваквите основи за државјанство не постојат според бугарското законодавство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе