Вести Најважни Свет

Обилни дождови и поплави, најмалку 51 лице загинаa – Шпанија ја погоди феноменот „ладна капка“

Најмалку 51 лице загина, а десетици се водат како исчезнати во големите поплави што го зафатија југоистокот на Шпанија. Најпогодена е Валенсија и провинцијата Албасете. Голем број на луѓе ја минаа ноќта под отворено небо, заробени во нивните автомобили, на покриви на куќи или на мостови, чекајќи ги спасувачките екипи. Поплавите го отежнаа патничкиот сообраќај, прекинаа некои од железничките линии, а дел од летовите беа откажани или пренасочени кон други аеродроми. Со одлука на градските власти на Валенсија, денеска не работат училиштата, затворени се и парковите и одложени се сите спортски натпревари на отворено.

Интензивните дождови се припишуваат на феноменот познат како „ладна капка“ кој настанува кога ладниот воздух минува преку топлите води на СРедоземното Море. Ситуацијата води кон атмосферска нестабилност, предизвикувајќи кревање на топол, заситен, воздух и создавање на кумулонимбус облаци што, пак, носат обилни дождови.

Шпанската влада ја активира процедурата за случаи со повеќекратни жртви, со цел брз одговор на размерите на катастрофата. Лидерот на партијата Вокс, Сантијаго Абаскал, пак, побара сите погодени подрачја да се прогласат за зони на катастрофа и побара итно активирање на сите протоколи за евакуација на регионално и локално ниво.

Државната метеоролошка агенција прогласи црвен аларм во регионот на Валенсија. Националниот железнички оператор потврди дека сите брзи возови меѓу Мадрид и во Валенсија се во прекин. Одлуката следуваше откако композиција со неколку вагони на релација Малага – Мадрид, во кои имало 291 патник, излетала од шините во јужниот регион Андалузија, но инцидентот, за среќа, минал без жртви.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе