Вести Македонија Топ вести

За сертификат како на Христовски, осудени две директорки за фалсификат, објави 360степени

(ФОТО: 360степени) Две директорки (на училиште и болница) со признание на вина веќе се осудени на условни казни за фалсификување на ТОЕФЛ Сертификат од училиштето Јулија во Пловдив, истото училиште кое како издавач на неговиот јазичен сертификат го посочува новиот директор на АНБ, Бојан Христовски- објави 360степени.

Објавен е и дел од пресудата на која е посочено името на училиштето Јулија односно дека директорките употребиле фалсификувани документи за да се пријават на конкурсот. И двете признале вина за што добиле условни затворски казни од две години кои би се реализирале доколку во нредните 4 години сторат ново кривично дело.

Пресудата е донесена на 9-ти октомври. Обвинителството го има преквалификувано делото и наместо за „употреба на исправа со невистинита содржина“ како што стоело во пријавата на МВР, директорките се гонети за фалсификување односно дека изработиле непостоечки документ.

Директорот на АНБ, Бојан Христовски во својата биографија со која конкурирал за асистент на Факултетот за безбедност навел дека има сертификат од истата јазична школа Јулија во Пловдив во Бугарија за која и бугарски новинари открија дека не постои на локацијата и не се занимава со издавање на ТОЕФЛ сертификати.

Нови обвинувања за новиот директор на АНБ кој почна функција без да може да гледа „државни тајни“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи кој сака

Sasko Dimovski

Рокас повика на постигнување на консензус за носење на клучните закони

Sasko Dimovski

Штипската болница привремено нема да прима пациенти со скршеници – невремето оштети дел од покривот на Ортопедија и операционалата сала

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе