Вести Македонија Најважни

Муртезани „ќе им дели црвени картони“ на колегите од Владата кои нема да се заложат за Реформската агенда

Црвен, жолт и зелен картон ќе им дели министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани на неговите колеги од Владата, за исполнувањето на Реформската агенда од Планот за раст со ЕУ, од кој Македонија по принципот “реформи за пари” до 2027 година треба да добие 750 милиони евра.

Првиот дел, од 52 милиони буџетска поддршка треба да стигнат до крајот на годинава откако најдоцна за две недели Собранието ќе ги рарифукува потребните договори посочи Муртезани на брифингот на кој го презентираше Планот за раст.

Македонија во следните три години ќе треба да спроведе конкретни реформи во 5 области,  да се донесат 37 реформски закони и стратегии и тие да се спроведат низ 137 конкретни мерки.

Првите реформски проекти до крајот на годинава се во Министерството за финансии. Само за реформите што треба да почнат со нови закони донесени до крајот на годинава, Македонија во јуни ќе може да повлече 17 милиони евра од ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе