Вести Македонија Најважни

Фон дер Лајен ја започнува балканската турнеја од Тирана, утре доаѓа во Скопје

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен попладнево ќе допатува во Тирана, што е прва дестинација од нејзината турнеја за време на која ќе посети шест држави од регионот.

Според соопштението на албанската Влада, со премиерот Еди Рама ќе се сретне во 15:15 часот во неговиот кабинет, додека заедничка изјава е планирана за 16:10 часот.

Потоа двајцата ќе присуствуваат на  свеченото отворање на Колеџот на Европа.

Агендата на Фон дер Лајен продолжува утре со средба со албанскиот претседател Бајрам Бегај во 10 часот, по што ќе отпатува за Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Нејзината турнеја ќе продолжи во Србија каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, а на 26 октомври претседателката на Европската комисија ќе престојува во Косово каде ќе се сретне со претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти.

Косово, кое аплицираше за членство во ЕУ на 15 декември 2022 година, останува единствената земја во регионот што сè уште нема статус на земја кандидат.

Фон дер Лајен ќе ја заврши својата турнеја низ Западен Балкан во сабота на 27 октомври со посета на Подгорица, Црна Гора.

Главниот фокус претседателката на ЕК за време на нејзината посета на Западен Балкан ќе биде планот за раст вреден 6 милијарди евра, чија распределба се очекува да започне во текот на овој месец, а Албанија да има корист од околу една милијарда евра.

За Македонија предвидени се 750 милиони евра. Наскоро по посетата на претседателката на Европската Комисија на сметка на македонската влада ќе легнат првите 52 милиони евра, како авансна исплата за стартот на реформите од т.н. План за раст за Западниот Балкан.

Целата сума ќе биде исплатена во периодот од следните три години. Но под услов – само ако Владата доследно ги спроведува ветените реформи.

ПЛАН ЗА РАСТ : ШТО ПРЕДВИДУВА?

Според формулата, за нас треба да припаднат 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027.

Реформската агенда за периодот 2024-2027 треба да биде усвоена од Европската комисија, со што ќе се отвори можноста за потпишување на Договор за механизмот за реформи и раст и Договор за заем.

По ратификацијата на договорите, пак, ќе биде поднесено барање за повлекување на првата транша во висина од 7% од алокација на средствата, односно околу 52,5 милиони евра.

ПОРАКА НА НОВИОТ АМБАСАДОР РОКАС; ВО НЕГОВОТО ПРВО ИНТЕРВЈУ:

– За мене најголемиот предизвик е, основата на реформите, апсорпцискиот капацитет. Вистината е дека до денес има изгубени и обезврзани многу пари. Ова е вистинска штета бидејќи навистина може да направи разлика овде. Се надевам дека со овој нов импулс земјава треба да ја искористи оваа можност и да се потрудиме, заедно со владата се разбира, да има свеж мандат, да успее да оди напред рака под рака. Се надевам дека тоа ќе биде мојот единствен фокус во следните четири години.

Според формулата, за нас треба да припаднат 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027. Реформската агенда за периодот 2024-2027 треба да биде усвоена од Европската комисија, со што ќе се отвори можноста за потпишување на Договор за механизмот за реформи и раст и Договор за заем. По ратификацијата на договорите, пак, ќе биде поднесено барање за повлекување на првата транша во висина од 7% од алокација на средствата, односно околу 52,5 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе