Вести Македонија Најважни

Поплаки за закани, притисоци и недолично однесување се причина за контрола во Вишото скопско обвинителство, вели Коцевски

Обвинители кои не работат чесно и одговорно се плашат од контролата врз нивната работа. Државниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека причина за обвинувањата дека вршел притисок за предметот за бонусите на СЈО е контролата што ја испратил во вишото скопско обвинителство. Целта е да се утврди кои обвинители се откажувале од жалбите или ги повлекувале обвиненија и на тој начин, додека граѓаните очекувале правда, обвинителите помогнале некои обвинети да се спасат од кривична одговорност, вели Коцевски.

„Од позиција на државен Јавен обвинител имав обврска, првпат по повеќе од четири години, да извршам надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, бидејќи до мене дојдоа информации и пресуди од Врховниот суд, кои укажуваат на можно нестручно работење на одредени јавни обвинители, како и пријави за закани, притисоци и недолично однесување кон вработени во обвинителството. Овие пријави се доставени и до Советот на јавните обвинители, наводите се документирани и имам обврска да ги проверам“, вели Љупчо Коцевски, државен обвинител.

Минатата недела шефот на вишото скопско обвинителство Мустафа Харулахи во изјави за дел од медиумите тврдеше дека Коцевски му посочил да биде претпазлив како ќе се постапува со предметот со бонусите и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, која поднела жалба до вишото обвинителство за овој случај, откако организиран криминал го затворил.

Овој предмет бил во рацете на вишиот обвинител Јован Цветановски чија диспиплинска постапка за 27 април, по седум години, неодамна ја затвори советот на јавните обвинители. Коцевски вели контроли ќе има и во другите виши обвинителства.

„Лажните тврдења за наводни притисоци почнаа веднаш по започнување на контролата, што само ми потврдува дека ја преземам исправната работа и од тоа немам намера да отстапам. Конкретниот предмет што се наведува воопшто не е предмет на контрола и се споменува само за да се издејствува политички притисок и да ме натера да се повлечам. Но, тоа во ниту еден момент нема да се случи!“, додава Коцевски.   

Хајрулахи негира дека целта му била со обвинувања да се изврши притисок врз републичкиот обвинител. Во врска со контролата од републичкото, вели дека за конкрентите предмети што биле дел од надзорот вишите обвинители, писмено го известиле републичкиот обвинител за секоја одлука за повлекување на обвинение или жалба.

Викендов на ова прашање се огласи и премиерот Мицкоски според него шокантно е тоа што  прочитал и го повика државниот јавен обвинител да излезе и да објасни во јавноста што е вистината.

Инаку Хајрулахи е втор мандат на чело на скопското вишо обвинителство. Остана како единствен кандидат, откако претходно двајцата негови соперници екс-обвинителите на СЈО, Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми се повлекоа под недообјаснети околности. Антагонизмот продолжи и со пријави и иницијативи за дисциплински постапки кон Фетаи на кои и таа возврати.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе