Сведочење на мајката на убиената Вања пред кривичниот суд: Татко и од прв момент тврдеше дека е киднапирана, ја баравме во напуштена куќа на Партизанска, каде ни покажа локацијата од телефонот на гугл мапа.
Ова е само дел од денешното сведочење на Зорица Ѓорчевска пред четворицата обвинети– Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов, кои на првото рочиште се изјаснија за невини. Мајката на Вања уште тогаш побара исклучување на јавноста за да се заштити приватноста на семејството, но судот не го прифати нејзиниот предлог.
На денешното рочиште сведочеа и ќерката и зетот на убиениот Панче Жежовски кои раскажуваа за неговото познанство со дел од обвинетите за убиството. Мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска рече дека лично не го познавала првообвинетиот Палевски-Палчо.
Адвокатите на обвинетите тврдат дека од денешните сведочења не излегоа детали и наводи за поврзаност на нивните клиенти со злосторството.
Од рочиштето во Кривичниот суд известува новинарката на Телма, Марија Митевска.
