Вести Македонија Топ вести

Иницирана постапка за судијата кој му одреди домашен притвор на косовецот Рамадани

Иницирана постапка за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити кој му определи, па му го смени ефективниот притвор со домашен на косовецот Блерим Рамадани кој потоа избега, дозава Телма.

Поради тајноста на постапката од судски не добивме официјална потврда но според напшите извори членот на советот Александар Камбовски  поднел барање за поведување на постапка поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција на Пајазити.

Камбовски беше претседател на работната група која имаше за задача да ги утврди фактите во овој случај, а потоа на седница на почетокот на месецот судски го разгледуваше овој извештај но е и координатор за Кривичниот суд.

На таа седница јавноста не можеше да слушне детали од досието Рамадани но и Кривичниот суд минатата недела го одби барањето на Телма  да ги види решенијата за притвор

Станува збор за неправосилна постапка поврзана со екстрадиција, која е се уште во тек, а дополнително станува збор за решение кое е дел од предмет кој во моментов е на надлежно постпаување пред судскиот совет. Поради тоа не може да Ви се обезбеди копија од решението, а по завршување на целокупната постапка можете да побарате увид во предмето  во чии списи се наоѓа и решението за притвор, велат од Кривичен.

Пајазити првично му определил притвор на Рамадани во постпака за екстрадиција откако беше приведен по потерница на Интерпол. Неколку дена подоцна на барање на одбраната Пајазити му го заменил со домашниот притвор- мерка која требало да ја издржува кај роднини во Скопје.

Обвинителството се жалело, кривчниот совет одлучил да го врати во Шутка но во меѓувреме Рамадани избегал. Кривчен совет одчучил дека не се исполнети условите Рамадани да и биде испорачан на Србија но Врховен им го укина решението и им го врати предметот назад.

Главната забелешка се однесува на тоа што Кривичен не одбразложил зошто прифатил постапката за екстрадиција на Рамадани која почнала како скратена  да продолжи да се води како редовна постапка.

Во меѓувреме Кривичниот суд се уште не донел нова одука за екстрадицијата на Рамадани.  Името на судијата Пајазити стои и на спогодбата на помеѓу обвинителството и екс членот на обвинителскиот совет Иџет Мемети кој доби уславна казна. Оваа но и спогодбата со екс судијата Наке Георгиев исто така беа под обсервација на Судски а и Кривичен на Телма и даде копии од овие спогодби.

Доколку оди до крај, постапката за утврдување одговорност подолга и минува низ неколку фази. Прв филтер е комисијата на известители која согласно деловникот, треба да се формира на денешната седница на судски.

Ако комисија не го отфрли барањето ќе изготви извештај врз основа на кој судски совет потоа ќе одлучи дали постапката продолжува или запира. Ако продолжи  комисијата прибира докази но и  судијата има право да достави свои докази и да  одговори на обвинувањата. Комсијата закажува  распарва на која го кани и судијата. Потоа изготвува извештај кој се разгледува на седница со сите членови. Судски со 7 гласа може да утврди дека нема основ за одговорност. За разршеување потребна е поддршка од 8 члена од советот . Доколку го нема потребниот број на гласови се гласа за други полесни дисциплински мерки. Судијата има право на жалба на одлуката.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојкот на маркетите во Хрватска

Дејан Дејан

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе