Вести Свет Топ вести

Уапсен Павел Дуров, основачот на Телеграм

39-годишниот милијардер и сопственик на апликацијата Телеграм Павел Дуров е уапсен во Франција, објавија тамошните медиуми. Според првичните информации Дуров е уапсен по налог за сторени прекршоци поврзани со популарната апликација за комуникација.

Основачот на Телеграм, Павел Дуров е уапсен од француската полиција на аеродром северно од Париз, откако со сопругата и со приватен авион допатувал од Азербејџан.

Истрагата против Дуров наводно се однесува на тоа што тој како извршен директор не презел чекори да го спречи користењето на Телеграм за криминални цели. Според неофицијални информации, објавени од француските медиуми, Дуров е осомничен за прекршоци поврзани со измама, трговија со дрога, кибер-малтретирање, организиран криминал и пропагирање тероризам,

Павел Дуров е роден во Русија и живее во Дубаи откако имаше проблеми со неговите дигитални иновации кои овозможија слободно ширење на информации во Русија преку неговите апликации ВКонтакте (руска апликација слична на Фејсбук и Телеграм). Милијардерот поседува двојно државјанство – на Обединетите Арапски Емирати и на Франција.

Апликацијата Телеграм е особено популарна во Русија, Украина и во други земји од поранешниот Советски сојуз.

Таа беше забранета во Русија во 2018 година, откако Дуров одби да ги предаде на властите податоците на корисниците, но по три години, односно во 2021 година забраната беше повлечена.

Телеграм е една од главните платформи за социјални медиуми после Фејсбук, Јутјуб, Ватсап, Инстаграм, ТикТок и Вичет. Има над 900 милиони кориснички профили.

Големата популарност на апликацијата Телеграм се должи пред се на слободата за споделување на содржини кои не беа подложени на проверка или веривикација на самата мрежа како што е пример со најголемите комуникациски апликации и социјални мрежи. Исто така Телеграм се трудешше и опстојуваше на сигурност и безбедност на податоците на корисниците кои споделуваа содржини или меѓусебно контактираа.

Таа слобода и заштита беше и злоупотребувана, а Телеграм беше познат дека не споделува податоци со државни институции и истражни органи за содржини објавени или трансферирани преку апликацијата.

Телеграм- алатка на слободата или инструмент на дезинформации и организиран криминал, како апсењето на Дуров го врати стравот за темница на слободното информирање

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран ги откажа летовите од сите аеродроми од вечерва во 21 часот до изутрина во 6 часот

Дејан Дејан

Ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на гасот – српскиот премир Милош Вучевиќ утре гостин на Мицкоски

Дејан Дејан

Ирмела и Јасмин беа неразделни – младиот брачен пар пронајден во прегратка под урнатините во Долна Јабланица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе