Вести Свет

Градоначалник во Мексико убиен 15 дена откако беше избран

Неодамна избран градоначалник беше застрелан и убиен вчера во јужната мексиканска држава Гереро, соопштија локалните власти.

Салвадор Вилалва Флорес победи на локалните избори на 2 јуни и требаше да ја преземе функцијата градоначалник на Копала, град со околу 4.000 жители, во октомври.

Гереро е една од сојузните држави најмногу погодени од насилството на нарко картелите, со оглед на нејзината локација долж брегот на Мексико во Пацификот.

Минатата година во таа сојузна држава се регистрирани 1.890 убиства.

Обвинителите потврдија дека е покрената истрага за убиството, но одбија да дадат дополнителни детали.

Локалните медиуми објавија и дека Вилалба одлучил да се кандидира за градоначалник откако неговиот пријател кој решил да се кандидира на изборите бил убиен во јуни минатата година.

На општите избори во Мексико на 2 јуни, левичарката Клаудија Шејнбаум беше избрана со големо мнозинство за прва жена претседател во земјата.

Покрај изборот на нов претседател, Мексиканците гласаа за членови на Конгресот, неколку државни гувернери и безброј локални функционери.

Кандидатите се натпреваруваа за повеќе од 20.000 позиции.

Најмалку 34 политички кандидати се убиени низ Мексико во пресрет и по изборите, според групата за човекови права Дата Цивика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борисов и Радев го предупредија Мицкоски, тој им врати дека меѓународните договори се двонасочна улица

Дејан Дејан

Трагедија избегната „за влакно“, а сѐ уште никој не го санира железничкиот мост – зјае без ограда, додека се лоцираат надлежностите

Desk

Немаше претставници на клиничката болница – повторното судење за пожарот во тетовската модуларна болница е одложено за 25 септември

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе