Вести Македонија

Груевски се жали во судот во Стразбур за предметот „Тенк“ – објавено на што се однесува апликацијата и прашањата што треба да ги одговори државата

Апликацијата на Никола Груевски против Македонија го мина првиот филтер во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и објавена e денеска на веб-страната како комунициран предмет. Екс премиерот се жали дека со предметот „Тенк” му биле повредени првата на правично судење и почитување на приватниот и семејниот живот.

Избега во Унгарија за да не ја издржи двегодишната затворска казна, поврзана со набавката на луксузниот мерцедес, а од таму поднел и апликација дека е осуден врз основа на незаконски добиени аудио снимки кои како докази биле примени во копии, дека не добил од нив примерок, не можел да ги оспори, но и дека немал пристап до сите аудиоснимки предадени во СЈО, а во кои можеби имало и ослободителни докази. Освен за снимките се жали и на други основи.

„Дека немал соодветно време и капацитет да ја подготви својата одбрана; домашните судови не биле независни и непристрасни; Врховниот суд ги отфрли неговите два додатоци на барањата за вонредна ревизија; не му бил доставен одговорот на СЈО на неговите вонредни барања за преиспитување; и објавување на аудио снимките од страна на СДСМ и СЈО, заедно со изјавата дека тие се доказ за делото“, стои во објавата за предметот објавена на веб-страницата на ЕСЧП.

Покрај ова, Груевски во апликацијата посочил и изјава на екс премиерот Зоран Заев, со која како што навел, Заев ја објавил неговата осуда, пред Кривичниот суд да пресуди.

Судот во Стразбур ги објавува и прашања што државата треба да ги одговори, а кои произлегуваат од апликацијата на Груевски. Дали тој имал правично сослушување? – Дали имал соодветно време и можности да ја подготви својата одбрана. Дали судиите во предметот на сите нивоа биле независни и непристрасни. Дали се почитувала презумпцијата на невиност?

Одговорите треба да ги даде државата со новата власт, најдоцна до 19 септември. Судот не ги поканил двете страни на спогодба, потврдија за Телма од Бирото за застапување на Македонија пред ЕСЧП.

Лани судот во Стразбур ги разгледуваше и апликациите  на обвинетите во предметите „Таргет Тврдина“, „Титаник“, „Транспортер“ и „ТНТ“ поврзани со клучното прашање, дали важат дадените, па повлечени, аболиции на екс претседатeлот Иванов? – Судот ги одби жалбите, затоа што овие предмети во тоа време сè уште ги немаа поминато сите судски инстанци во земјава, ме]у кои и Врховниот суд. Предметот „Тенк“ во кој беше осудена и екс министерката Гордана Јанкуловска, не беше опфатен во масовните помилувања на Иванов.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК: Романија не е подготвена да го прифати еврото

Дејан Дејан

Во Германија четвртина од вработените сè уште работат од дома

Дејан Дејан

Најмалку едно лице е убиено во масовна тепачка во затвор во Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе