Вести Македонија Најважни

Силјановска – Пендаровски 3,8:1 во Град Скопје

Главно портокалово обоено, со голем син блок, минимални и разделени црвени и розови површини и едно светло сино. Интерактивната мапа на Државната изборна комисија (ДИК) ги доби боите на претседателските кандидати, а во 80-те општини победи освоија петтемина од седум.

Најмногу победи на општинско ниво освои Гордана Силјановска, во 59 освои најмногу гласови, кои во конечната сума и донесоа над 40 проценти, односно вкупно 362.682 гласа. Најголема разлика пред главниот ривал Пендаровски оствари во општина Гази Баба каде освои 13.343 гласови повеќе од актуелниот претседател. Или речиси четири пати повеќе (1:3,8).

На ниво на град Скопје, во 10-те општини, во седум, првопласирана е Силјановска, а во три Бујар Османи. На ниво на вкупна бројка на гласови во Скопје, односот е 1:2,2, а Силјановска освоила 106.776 гласови, додека Пендаровски освоил 47.839 гласови. Силјановска најмногу гласови во една општина освоила во Аеродром, 21.145, додека Пендаровски во Општина Карпош каде собрал 9.130 гласови на втората позиција.

Во Карпош, тамошниот градоначалник Стевче Јакимовски освоил дури четвртина од неговите гласови во цела држава, Над 2.100, но тоа е трипати помалку од бројот на потписи за претседателската кандидатура кои ги собра токму во Карпош. Со тие гласови, бил дури петтопласиран, пред него се Силјановска, Пендаровски, Димитриевски и Ванковска. Единствен е од градоначалниците кои изгубиле во сопствената општина. Максим Димитриевски успеа да победи во Куманово со над 14.000 гласови што е, речиси, петтина од вкупниот број на гласови за лидерот на ЗНАМ.

Арбен Таравари за само 75 гласови успеа да победи на домашен терен пред Бујар Османи, а кандидатот на „Вреди“ победи и во Теарце со 41 глас повеќе од кандидатот на ДУИ. И двајцата, најмногу гласови во поединечна општина освоија во Тетово, каде победи Бујар Османи за неполни 700 гласови, но и Таравари надмина 14.000 гласа во една општина.

Османи победи во вкупно 16 општини и е втор по бројот на поединечни победи, но по вкупниот број на гласови заостанува зад Пендаровски за 60.000 гласови, иако актуелниот жител во вилата на Водно победи во само две општини – Крушево и Маврово/Ростуше во кои освои над 40% од гласовите. На крајот доби 180.000 гласови или двојно помалку од Силјановска, со која ќе се бори како и пред пет години во вториот круг кога победи.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе