Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Во Струга и Вевчани навреме отворени сите избирачки места, непречено се гласа и во Прилеп и Битола

Сите 101 избирачко место во општина Струга утрово беа отворени во 7 часот, потврди за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

– Гласањето почна навреме и во трите избирачки места во општина Вевчани, информира претседателката Менка Кукоска.

Гласањето, според претседателите на изборните комисии, во двете општини се одвива непречено, без никакви проблеми.

Во општина Струга во единствениот избирачки список регистрирани се 60.894 гласачи, од кои 132 болни и изнемоштени вчера го оствариле своето гласачко право, додека во Вевчани има 2.072 регистрирани гласачи, а четворица болни и изнемоштени гласале вчера.

Во Битола утрово се гласа непречено и без поголеми проблеми.

Навремено без проблеми почна и гласањето во општина Прилеп. Денеска своето право на глас може да го остваруваат 62 082 граѓани. Вчера гласаа болните и немоќните, штитениците во Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и затворениците во прилепскиот затвор. Од 291 болно и немоќно лице, гласаа 277. Во Домот за стари, од 68 регистрирани лица, своето право на глас го остварија 56, а од 104 затвореници, гласаа 79, изјави Валентин Божиноски, претседател на општинската изборна комисија во Прилеп.

Денеска во Крушево можност за гласање имаат 7755 граѓани на 23 избирачки места, во Долнени 11 730 избирачи кои ќе гласаат на 40 изборни места, а во Кривогаштани на 13 избирачки места своето право на глас може да го остварат 4428 граѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе