Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Непречено се гласа на територија на цела држава, регистрирани се помали технички проблеми

Денеска во Македонија се одржуваат претседателските избори, а граѓаните може да гласаат за еден од седумте кандидати.

Во скопските општини излезноста на граѓаните се менува од час во час. Досега во Аеродром излезноста е 5,14 посто, гласањето почнало навреме, но се појавиле проблеми со апаратот за отисок од прст и неможност да се отпечати првиот извештај на избирачката комисија.

Додека  во скопската населба Кисела вода имаше застој на изборниот процес во траење од неколку минути, проблемот бил надминат веднаш, таму излезноста е 5,89 отсто.

Во Бутел е 5,16 отсто, во Гази Баба 4,92 посто. Во Ѓорче Петров може да се забележи повисок процент од 6,14. Во Илинден имаат гласано 4,39 посто од граѓаните, а во Сарај со низок процент од 2,74.

Мали проблеми може да се забележат во општина Карпош, на избирачко место во училиштето на ,,Владо Тасевски”. На почеток на гласањето имале мали проблеми со апаратот за биометриска идентификација, а изборниот процес продолжил на тој начин што граѓаните биле идентификувани според матичниот број на личната карта. Излезноста во Карпош е 5,50 отсо.

Гласањето во две избирачки места не почнале на време во Чифлик и Кучичино, но и во општина Чешиното Облешево. Задоцнување било од 20-25 минути поради проблеми со биометриската идентификација, излезноста таму до 9 часот била 4,14%.

Во основното училиште ,,Песталоци” во скопската општина Центар,  гласањето утринава се одвива во најдобар ред, излезноста е со 5,17 посто.

Излезноста во градовите се разликува, според досегашните резултати за излезност во општина Штип сите 74 избирачки места се отворени навреме, а од општинската комисија велат дека на списокот има околу 300 гласачи помалку во споредба со локалните избори во 2021. Излезноста е до 9 часот е 5,27%.

Во Битола излезноста до 9 часот е 4,93%, а изборниот ден таму засега поминува мирно. Во Куманово може да се забележи мала излезност за разлика од другите општини со 3 проценти.

Од општинската изборна комисија во Тетово информираа дека на одредени гласачки места утринава имало технички проблеми, но проблемот е решен веднаш, излезноста таму до 9 часот е  3,2 %.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе