Вести Избори 2024 Македонија

ЈО: До затворање на избирачките места не е пристигната ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

До затворањето на избирачките места на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија [email protected] не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, информираа вечерва од Обвинителството.

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, изборниот ден во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија помина мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Не се забележани посериозни инциденти кои би имале обележја на кривично дело против изборите и гласањето или други кривични дела кои би го загрозиле изборниот процес, се вели во соопштението.

Како што информираат од ЈО, привремената комисија на Јавното обвинителство за евентуални изборни нерегуларности го следела текот на гласањето, а во текот на денот биле организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства. Јавното обвинителство се координирала и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес.

Комисијата ќе продолжи со својата работа до завршување на изборниот циклус. Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства, наведуваат од Јавното обвинителство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе