Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

ДИК-Веб сајт: Излезност до 17 часот- 42,38%, 7% повеќе од 2019-та, најголема излезност има во Новаци и Крива Паланка, најмалку во Пласница и Центар Жупа

До 17 часот гласале 42,38 %  од запишаните избирачи, покажуваат статистиките на ДИК. По доставени резултати од над 97 % од вкупниот број на избирачки места, излезноста е за над 7 проценти повеќе од првиот круг на претходните претседателски избори во 2019-та година. Тогаш процентот на излезност до 17 часот беше 28,89 одсто.

Најголема излезност е забележана во Новаци 67,19 одсто, а со тоа е единствена излезност од над две третини и над 60 проценти. Крива Паланка е втора по излезност односно излегле до 17 часови и гласале 58,78% запишани во Крива Паланка. Нема други општини со натполовична излезност до 17 часот.

Најмала излезност е во Пласница каде гласале 15,35% од запишаните, а во Центар Жупа излезноста е 15,57 одсто.

Од скопските општина, во овој период, најмногу гласачи се појавиле на бирачките места во општина Карпош, над 53,78 проценти пред Аеродром со 53,58%. Најмалку гласале во Шуто Оризари, 24,31 одсто.

Првично ДИК објави податоци за 44,18% излезност но со поголем примерок (речиси стопроцентен) од избирачките места, процентот се намали и со тоа и разликата во однос на претходните претседателски избори односно разликата во излезноста е 7 проценти повеќе од изборите во 2019-та.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе