Вести Македонија Најважни

Единаесет лица работеле без важечки договор, дел од нив и без соодветно образование – вонреден инспекциски надзор на ДЗСИ на Токсикологија

Единаесет лица незаконски работеле со пациенти и давале здравствени услуги, иако биле без договори за ангажман, а дел од нив и без соодветно образование. Тоа се пет медицински сестри, тројца болничари, двајца биолози и еден лаборант. Ова било констатирано при вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) во клиниката за Токсикологија по добиената претставка од вработени. Токсикологија добила и рок од пет дена за поправање на утврдените недостатоци по што ќе следува нова контрола од ДЗСИ.

„Издадено е решение за да се преземат следните мерки – здравствени услуги на Клиниката да се укажуваат од здравствени работници и соработници кои имаат важечки договори, здравствени услуги да се укажуваат од здравствени работници кои имаат соодветно образование, согласно закон. Медицинскиот и организацискиот директор  да ги извршуваат непречено обврските од самостојна, а особено заедничка надлежност“, изјави докторка Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.

Медицинскиот директор на Токсикологија, доктор Данил Петровски денеска не е разрешен, како што беше најавено во текот на вчерашниот ден. Но, најавите од министерството за здравство за негово разрешување остануваат да важат и, како што денеска потврдија извори за Телма, тоа ќе се случи по завршување на законските процедури и прописи. Тие додаваат оти медицинскиот директор и ќе одговара затоа што 18 лица оделе на работа, но четири месеци не добиле плата.

Симона Петровска

Наместо со наркотици, да се замени со чиста урина, обид за лажирање резултати на Токсикологија, вработените алармираа за хаос на клиниката

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе