Вести Македонија Најважни

Наместо со наркотици, да се замени со чиста урина, обид за лажирање резултати на Токсикологија, вработените алармираа за хаос на клиниката

Кавги, обвинувања, разрешувања, хаос на Токсикологија. Вработен во клиниката вршел притисок урина со наркотици да се замени со чиста урина, а лаборантот одбил, знаејќи дека тоа е кривично дело. Тој е еден од 18-те вработени на кои им престанал договорот, а за кои директорката одлучна да ги вработи.

„Тоа сум го рекол од незнаење, не сум ги знаел процедурите како oдат и сум го прашал“, вели болничар.

„Урината не е сменета. Тoj само ме праша дали може да помогнеш. Не можам, тоа е кривично дело ќе направам. Не смеам тоа да го направам ништо повеќе од тоа не се случи“, вели Гоце Гавриловски, лаборант во Клиниката за Токсикологија.

За скандалот со промена на резултати разговарал и стручниот колегиум на клиниката и со записник донесено дека вакво лице не смее да работи.

„За жал организационата директорка и натаму го тера да доаѓа на работа. Еве го тука е“, вели Проф. Д-р Нико Беќаровски, раководител на оддел за интезивна нега на клиниката.

По неколку обиди да стапиме во контакт со организационата директорка за да даде одговор на овие тврдења на вработените, се одлучи да излезе со папка документи се појави пред медиумите но одби да даде изјава на македонски.

„Ќе дадете изјава на македонски….не..“, вели Бесија Иљази, организациона директорка на клиниката за Токсикологија.

И додека трае изборниот мораториум за државни вработувања, дел од 18-те кои бараат вработување во период кога законски е забрането тоа, сметаат дека заслужиле работна позиција. Ги подржа и лаборантот Гавриловски.

Дел од вработените алармираа дека нема потреба од вработувања, иако директорката го турка тој процес. Министерот за здравство одлучен. Тие ќе бидат вработени веднаш по изборите, а му се закани на медицинскиот директор на клиниката, Данил Петровски дека ќе го разреши.

Бесија Иљази е назначена за организациона директорна на ден пред формирање на техничката Влада и на работа оди со преведувачка. Покрај тоа, според вработените кои потпишаа петиција за нејзината конроверзна работа, Иљази успеала за кратко време да ги дуплира долговите на клиниката. Таа денеска избра да одговара без преведувач за сите обвинувања кон неа.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе