Вести Македонија

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Не ги дискриминираме луѓето и имаме јасна визија за иднината на државата која ја покажуваме во мојот 5-годишен и за време на владата на СДСМ, порача претседателот Стево Пендаровски пред граѓаните на Бутел. Пендаровски вели дека опозицијата заедно со однесувањето на Бугарија се кочничари на европскиот пат кој е отворен со почеток на преговорите.

Македонија не е правна држава, а ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ширење на корупција и владеење на криминалци, рече кандидатката за претседател, Гордана Силјановска, на митингот во Кратово. Таа ветува независни институции за борба против корупција наместо менување на Кривичен закон со кој застаруваат кривични дела на функционерите.

Билјана  Ванковска, денеска се осврна на проблемот со денот на избори и нагласи дека  приватните компании се збунети од препораката да не работат на денот на изборите, што, пак може да се одрази на исход на гласањето.

Во фокусот на кампањата, на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски денеска е правото. Кусо и директно Димтириевски ветува враќање на стартиот кривичен законик, со цел да се избришат измените со кои се овозможи застравуање не голем број кривични дел кај високата корупција.

Карванот на кандидатот Стевчо Јакимовски, утрово почна од неговиот двор, со политички пораки за уставните измени. Тој изрази сомнеж дека сепак ќе се случи национално предавство токму од тие политички субјекти кои упорно велат дека нема да има гласање.

А, претседателскиот кандидат Бујар Османи, заплива во економски води, и кампањата ја продолжи пред бизнис секторот. Стопанската комора го прими на средба за да ги чуе економските предлози на Осамени, дел од неговата изборна програма.

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари имаше изборни активности во дијаспората.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе