Вести Избори 2024 Македонија

Претседателски избори 2024 – хроника 17.04.2024

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска која вечерва одговараше во живо на Фејсбук на прашања на граѓаните за иницијативата Отворен Балкан рече дека никако да се отвори тој отворен Балкан, но дека смета оти обичниот народ сака да соработува и ако се отворат границите ќе има многу придобивки пред се за младите, но и за сите граѓани. Зошто на некој би му пречел Отворен Балкан, праша таа, кога и идејата за ЕУ е всушност тоа, економска интеграција и отворен простор за сите.

Во Преспанскиот договор и амандманите врзани со него има член во кој вели промената на личните документи ќе започне со отворањето на правото поглавје на преговорите со ЕУ. Кое поглавје го отворивме ние, ниту едно, порача Гордана Силјановска, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за време на митингот во Свети Николе. Тезата дека НАТО статусот е постигнат како резултат на Преспанскиот договор, рече дека е погрешна. Според неа, во Уставот пишува дека земјата нема да се меша во работите на соседите, но сите се мешаат во нашите внатрешни работи.

Најважната работа што ја направивме е малата Македонија ја зачленивме во најголемата воена политичка алијанса во НАТО и со тоа ставивме печат на безбедноста на државата и на секој нејзин граѓанин. Држава со само 1,8 милиони луѓе седи на иста маса, рамноправна со глас и да одлучува за најголемите безбедносни проблеми со  Америка, Германија, Франција и Канада со еднакво право на глас, рече претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски на митингот од Гостивар.

„Треба да се разговара  за случаи во кои има судска одлука. За „Пациент“ нема, но за Арбен Таравари, судот утврди дека ја узурпирал партијата, што го прави недостоен за претседателски кандидат“. Вака Бујар Османи и одговори на Коалицијата „Вреди“, која го обвини дека ја злоупотребил функцијата кога бил министер за здравство и дека тогашното СЈО отворило предмет под името „Пациент“. Опозициската коалиција упати прашање дали Албанците заслужуваат претседателски кандидат кој глуми дека е за Европа, а бил поврзан со корупција.

Претседателскиот кандидат од „Вреди“, Арбен Таравари, вечерва имаше митинзи во Коњаре и во Липково. Во последните пораки пред граѓаните, Таравари  најави заложби против коцкарниците и брзите кредити. Во фокусот на неговата кампања се најде и ветувањето дека ако дојде на власт албанската опозиција, ќе престанат со работа коцкарниците, ќе се затворат фирмите за брзи кредити, а државата на граѓаните ќе им ги прости долговите од овие кредити. Претседателскиот кандидат од коалицијата „Вреди“ потенцираше и дека ако ја добие довербата на граѓаните ќе преземе конкретни чекори за решавање политички монтираните случаи и завраќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Најави тело на западни експерти кои ќе ја контролираат работата на домашните судии и обвинители.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈО спроведе истрага против лице осомничено за трговија со дрога

Дејан Дејан

МВР подготвено за преземање на Палевски од Турција, нема информација кога ќе се реализира екстрадицијата

Дејан Дејан

(ФОТО) Немири на плоштадот во Истанбул се обележје за празникот Први мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе