Вести Македонија

ДУИ со нова фарса, си играа дистописко еднопартиско Собрание – Груби тврди дека тоа е нивен коалициски парламент и програма

Како во научно фантастичниот жанр дистопија, ДУИ направи фарса во хотелска сала и формираше еднопартиско Собрание. Во него, на 120-те позиции за пратеници имаше претставници само на ДУИ и на коалицијата.

Партијата на Али Ахмети поради тоа немаше „избор“- па сите раководни места, како во време на комунизмот, беа пополнети со другари и другарки од иста партија и иста коалиција.

Местото спикер, претседател на Собранието не му припадна на Талат Џафери- туку едногласно, со акламација, прв човек на Парламентот во монопартизмот на ДУИ стана Зијадин Села, од крилото на Алијанса која е дел од актуелната коалиција на ДУИ. Седницата за избор ја водеше партискиот лидер Али Ахмети.

Сценариото на оваа дистописка политичка фарса на ДУИ била изготвена за почеток на изборната кампања.

Дистопија инаку е научно фантастичен жанр во кој е претставено измислено општество во кое владее голема неправда, а граѓаните се под постојан притисок и тоталитаристички терор од владеачкото малцинство во чии раце се сите алатки и средства на моќ.

Артан Груби после настанот во Александар Палас и воскреснување на еднопартизмот по теркот на поранешниот комунистички режим, со објаснување ја ублажуваше сцената која ја приредија и тврдеше дека станува збор за Собрание на Европскиот фронт, a не за посакувана иднина.

-Собрание на Европскиот Фронт. Ова е нашата програма, ја претставивме нашата програма. Што ние ќе направиме како пратеници во наредното Собрание и на што ќе инсистираме во програмата на новото парламентарно мнозинство, како и на владината коалиција, рече Груби по завршувањето на еднопартиската седница.

Меѓу другите одлуки кои ги донесе ДУИ на сопствената еднопартиска парламентарна седница беа изгласани и две измени на Уставот. Измени според францускиот предлог, кои Груби ги нарече „согласно договорот со Бугарија“ и уствана измена на избор на претседател во Собранието со двојно мнозинство (обично и Бадинтерово).

На првата седница на еднопартискиот парламент на ДУИ не се најде борбата со корупцијата иако нивниот претседателски кандидат Бујар Османи најавува посебно меѓународно тело за ветинг и проверка на руските врски и богатството на функционерите, судиите и обвинителите. Согласно изјавата на Груби, излегува дека ДУИ нема да инсистираат на оваа антикорупциска идеја на Османи како и на севкупната борба против корупцијата, во првиот налет во парламентот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Двајцата претседателски кандидати со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Пендаровски: Партиските договарања не придонесуваат за демократијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе