Вести Најважни Свет

ВИДЕО: Првите ирански дронови стигнаа до Израел и беа соборени- сирени и експлозии во Ерусалим

Сирени се огласија во Ерусалим откако противвоздушната одбрана на Израел пресретна неколку дронови испукани од Иран.

Првите дронови атигнаа до Израел, а експлозии се регистрирани над Ерусалим откако беше активиран системот Железна купола. Според израелски медиуми, уништени се дронови испукани од Иран.

Светските медиуми објавуваат снимки од небото над Ерусалим на кои се гледа пресретнувањето на иранските дронови.

CNN повикувајќи се на воени извори објави дека меѓу целите на нападот се Голанската висорамнина (источна област на граница со Сирија), воени аеродроми на исток и на југ од Израел како и област каде има нуклеарен реактор за производатво на струја.

Десетици дронови и проектили се уништени, а во одбраната учествува и воени системи на американската армија.

Нема информации за штети и за жртви, а според досегашните сознанија голем дел од дроновите се пресретнати и нема информација дека некој пд иранските проектило стигнал до земјата и експлодирал врз целите во Израел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе