Вести Избори 2024 Македонија

Таравари: Македонија треба да има добри односи со сите соседи

Мислам дека Македонија треба да има добри односи со сите држави од регионот, посебно со државите од Западен Балкан со коишто претендираме заеднички да влеземе во ЕУ, рече кандидатот за претседател Арбен Таравари во вечерашното интервју за Телевизија Телма. Во неговата програма предвидува излегување на Македонија од иницијативата Отворен Балкан поради тоа што во неа недостасуваат најголемиот дел од државите во Западен Балкан. Посочувајќи Берлинскиот процес, Таравари рече дека тој е многу постар од Отворен Балкан и за разлика од оваа иницијатива Берлинскиот процес е сеопфатен.

Од таа причина, Таравари смета дека Македонија треба да преземе посериозна улога и да помогне во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина.

Мислам дека Косово е наш сосед, исто како Србија, Албанија, Грција и Бугарија, ние мораме да помогнеме во процесот на стабилизирање на цел регион и во тој правец инсистирам што побргу да се разреши тој грч меѓу Косово и Србија. Јас се надевам и сум оптимист дека ќе се најде решение, рече Таравари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Игра на тронови во Обвинителството: Вишото скопско повторно обезглавено- в.д. Крстевска Цалева си поднела оставка, Советот дознал денеска и ќе одлучува на наредна седница

Дејан Дејан

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Дејан Дејан

Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе