Македонија Најважни

Најпрвин обвинувања, па утврдување на штета и реновирање на универзална по пожарот

Пожарот која ја зафати универзалната сала згасна, но не и реакциите за тоа што се случи на еден од симболите на Скопје. Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во чија надлежност е реновирањето на објектот изрази жалење и упати апел за брзо расчистување за тоа кои се причините за пожарот. Таа притоа повика да не се шират шпекулации за инцидентот, а пред да се продолжи со изградбата на објектот, најави дека ќе се утврдува колкава е штетата.

Пред да се продолжи со какви било активности заедно со стручни лица од Градежен факултет и сите релевантни институции коишто учествуваа и денеска ќе се утврди која е причината за штетата. Објектот е осигуран, што значи дека од осигурувањето ќе се санира штетата која што е направена и потоа ќе се продолжи со градба, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.

И додека министерката ќе чека на одговори, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ виновни за пожарот се токму Костадиновска Стојчевска и СДСМ.  Симболот на постземјотресно Скопје 7 години е оставен на забот на времето, претворен во градежна руина, а штетата која е направена е непроценлива, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Во Универзална сала подолг период власта веќе презема градежни активности, и затоа тие мора да одговорат какви материјали вградиле во изминатиов период и кој бил изведувач? Дали се вградени огноотпорни материјали или како примерот со Тетовската модуларна болница е вградувано што им се видело поевтино? Затоа што Универзална сала 50 години стои како симбол на Скопје и во моментот кога оваа криминална власт ја доведува до руина и вградува материјали со цел реновирање истата, таа гори, рече Митева.

Претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук порача дека универзална сала мора повторно да се издигне и да биде еден од најубавите симболи на Скопје и скопјани.

Надлежните институции да спроведат детална истрага и да се санкционираат сите кои се одговорни за уништувањето на Универзалната сала! напиша Пендаровски ан Фејбук. 

Од Град Скопје за пожарот се огласија на Фејсбук, па потоа го избришаа напишаното. На лице место не се појави градоначалничката Данела Арсовска, која во декември, минатата година ингеренциите за реновирање на објектот ги предаде на Министерството за култура.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе