Вести Најважни Свет

Телото на Данка сè уште не е пронајдено – полицијата со сознанија дека било пренесено на друга локација

Регионот е нем по последната вест дека двегодишната Данка Илиќ била удрена со кола, а нејзиното тело било фрлено на депонија. Нејзиното тело сè уште не е пронајдено. Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ рече дека полицијата има сознанија дека еден од осомничените на 28 март, два дена по настанот, се вратил на депонијата и го пренел телото на друга локација.

Гашиќ вели „не им веруваме, бидејќи двајцата меѓусебно се обвинуваат“.

Српските медиуми објавија фотографија од белиот автомобил „фиат панда“ со кој што двајца работници на Водовод од Бор во Србија ја прегазиле малата Данка. Тие го признаа злосторството.  Двајцата 50-годишни мажи признале и дека додека го возеле телото на Данка, ги пресретнал нејзиниот татко на кој му рекле дека не го виделе малото девојче на локалниот пат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Водата во Крушево повторно безбедна за пиење

Kristina Kuzmanovski

Пожарот во Франција сѐ уште под закана од повторно разгорување

Kristina Kuzmanovski

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума награден на фестивалот во Ерусалим, а ќе има европска премиера во Сараево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе