Вести Најважни Свет

Осомничените почнале да си префрлаат вина еден на друг – продолжува потрагата по телото на малата Данка

Се палат свеќи, се оставаат играчки и цвеќе на плоштадот во Бор. Жителите на градот во источна Србија се простуваат од двегодишната Данка Илиќ за чие убиство се уапсени две лица. Српската полиција го пребарува теренот на неколку места, бидејќи постои сомнеж дека еден од осомничените го префрлил телото на девојчето од дивата депонија на друга локација. Меѓу нив е и куќата на едно од приведените лица, но и имот на негов дедо, но детали засега нема.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ на прес-конференција рече дека осомничените до опишале делото до детали. Но, воедно истакна дека имаат сознанија оти еден од нив, два дена по трагичниот настан, ја преместил Данка на место што сè уште не е откриено. Паралелно со копањето на старата депонија кај Бањско поле, се трага и на локации во селата Лука и Злот, а потрагата е проширена и на депонијата во Мајданпек.

Двегодишната Данка Илиќ, која исчезна на 26 март, е убиена. Во десетте дена по пријавата за нејзино исчезнување, по неа, освен во Србија, се трагаше и во Австрија, а Интерпол во меѓувреме распиша жолта потерница. По проверка на сите траги и информации, спрската полиција уапси двајца 50-годишни мажи, вработени во јавното комунално претпријатие „Водовод Бор“. Тие го признале делото и откако го удриле со службениот автомобил, се договориле да се ослободат од него со фрлање, како што навеле, на депонија, а, како што рече, министерот Гашиќ, засега е тешко да се утврди точната локација, бидејќи осомничените почнале да ја префрлаат вината еден на друг.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе