Вести Најважни Свет

Осомничените ја одведоа полицијата на местото каде ја фрлиле Данка – детали за убиството на девојчето од Бор

Бес, тага и неверување. Србија и регионот е во шок. Двегодишната Данка Илиќ од Бор, по која се трагаше 10 дена, е убиена. Трагичната вест претпладнево ја соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредна седница на владата.

„Имаме лоши вести за ова дете, за нашата мала Данка од Бор. Полицијата уапсила две лица кои, ако ова добро го разбирам, извршиле убиство на малата Данка и, колку што сфатив од оваа реченица, двајцата го признале делото. Со какви монструми имаме работа. Сега водат до местото каде го фрлиле детето“, рече Вучиќ.

Министерството за внатрешни работи на Србија објави дека се уапсени две лица на возраст од 50 години од село Злот, вработени во јавното комунално претпријатие „Водовод Бор“, кои го признале делото. За двајцата е одреден 48 часовен притвор.

Дел од српските медиуми наведуваат дека тие го прегазиле девојчето со службено возило кое го управувале во алкохолизирана состојба. Во паника, нејзиното тело го сокриле на место кое се корист како стара депонија во околината на Бор, каде денеска ја одвеле и полицијата.

Крунски доказ се чини, како што пренесува Н1, е снимка која се појави пред неколку дена на која е прикажан автомобил како брзо минува крај куќата на исчезнување на Данка. Станува збор за возила од марката Фиат во кое српските форензичари пронашле траги од крв кои довеле до признавање на убиството.

Медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата на криминалистичката полиција, наведуваат дека сето тоа се случило за само седум минути од моментот кога, според пријавата, на мајката го пријавила исчезнувањето на Данка.

Данка исчезна на 26 март. По неа се трагаше 10 дена во Србија, истрагата се прошири и во Австрија, а во меѓувреме се вклучи и Интерпол со распишување на жолта потерница.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе