Вести Македонија

Митинзите го кројат сообраќајниот режим во Скопје- „Илинденска“ пред Влада е затворена од вчера

Секторот за внатрешни работи Скопје упатува апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите издадени од страна на службениците на МВР, поради подготовки за претседателските избори и одржување на митинзи.

Денес булеварот Илинден во периодот од 19 часот кон потегот од мостот „Гоце Делчев“ до булеварот ,,Климент Охридски” и од булеварот ,,Климент Охридски” до мостот „Гоце Делчев“ се затворени за сообраќај во двата правци. Во текот на утрешниот ден, по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници во поширокото централно подрачје

Почнувајќи од вчера е затворен сообраќајот пред Владата, каде што од 20 часот политичката кампања ја започнува Гордана Силјановска со првиот митинг од кампањата.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.

Понатаму во другите градови ќе се одвива иста динамика. Вечерва 20 часот ќе се отвори изборниот караван на Стево Пендаровски каде ќе одржи централен митинг во Прилеп., а понатаму  ќе ги посети и општините Кривогаштани и Крушево.

Кандидатот за претседател на државата од Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, Максим Димитриевски кампањата ќе ја стратува во Крушево од 13 часот со што ќе ја презентира програмата под наслов „Манифест за Македонија”.

Претседателскиот кандидат на Левица, пак, Билјана Ванковска, ќе ја презентира изборната програма на прес-конференција вечерва во Струмица.

Додека кандидатот за претседател предложен од ДУИ, Бујар Османи изборната кампања  ја започна со прес-конференција во 11 часот пред претседателската вила на Водно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Емотивна средба на семејствата на прерано починатиот фудбалер Аган и на Давид кој му посвети гол на својот врсник

Дејан Дејан

Претставници од стотина компании и институции на првиот ИКТ форум Македонија – Грција, договорија соработка и доверба

Дејан Дејан

АХВ за две години спречила повеќе од 367 тони небезбедна храна да стигнат до потрошувачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе