Вести Најважни Свет

Најмалку девет загинати и повеќе од 900 повредени – Тајван утрово се тресеше со 7,4 степени по Рихтер

Урнати домови, накривени згради, мостови однесени од свлечишта. Делови од Тајван останаа без струја и интернет по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што утрово го погоди островот во Пацифичкиот океан. Епицентарот бил на 18 километри од Хуалиен, најголемиот округ на источниот брег. Првичниот биланс е наjмалку девет загинати луѓе, над 900 повредени и над 100 заробени под урнатините, но и во затрупани тунели.

Жителите на Тајван утрово ги разбуди аларм на мобилните телефони, како безбедносно предупредување за земјотрес. Секунди подоцна почнаа вибрациите на најсилниот земјотрес во земјата во последните 25 години. По потресот, одново се активира безбедносен аларм на мобилните телефони, овојпат за опасност од цунами.

Силниот земјотрес во Тајван се почувствувал до Јапонија. Јапонскиот центар за земјотреси објави дека неколку помали цунами стигнале до префектурата Окинава, но подоцна го укина предупредувањето за бранови. Слично предупредување издаде и сеизмолошката служба на Филипини која ги повика жителите на крајбрежните подрачја да се засолнат на повисоките места.

Од оперативниот центар за итни случаи на Тајван потврдија дека по силниот земјотрес, се регистрирани уште 101 потрес. Во тек се спасувачки операции по преживеани под урнативните, додека надлежните служби полека го расчистуваат теренот. Тајванската електрокомпанија објави дека е нормализирано снабдувањето со струја во погоденото подрачје и оти двете нуклеарки на островот не биле погодени од потресот. Островот беше погоден од силен земјотрес и во 1999 година, кога во потресот со јачина од 7,6 степени по Рихтер загинаа 24.000 луѓе, а оштетени или уништени беа 50.000 куќи.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе