Вести Македонија Топ вести

Измени на Изборниот законик во фотофиниш – исти редни броеви и на претседателските и на парламентарните избори

izmeni izboren zakonik, redni broevi

Собранието во последен момент изгласа измени на Изборниот законик со кои се предвидува можност, ако во исто време се одржуваат повеќе видови на избори, една партија или коалиција да има ист реден број на ливчето на сите видови избори.

Измените ќе важат и на овие претседателски и парламентарни избори. Овие измени беа предложени од пратениците Никола Мицевски, Мартин Костовски и Арбер Адеми, од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. За предлогот гласаа 75 пратеници, немаше против или воздржани.

Тоа значи дека истиот реден број што ќе го имаат кандидатите на претседателските избори, може да го имаат и партиите или коалициите кои ги предложиле овие кандидати, на парламентарните избори. За да го преземе редниот број треба писмено да ја извести Државната изборна комисија.

ДИК со ждрепка веќе го утврди редниот број на кандидатите на претседателските избори, па сега партиите што ги поддржуваат ќе може да го преземат истиот реден број и на парламентарните избори.

Пратениците по скратена постапка донесоа и измени на Законот за буџети, со кој се утврдуваат коефициентите за плата на раководителите и аналитичарите во Стручната служба на буџетскиот совет.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир до Сиљановска-Давкова: Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата, Вархеј очекува забрзување на реформите

Дејан Дејан

Еурактив: Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со Грција и со Бугарија

Дејан Дејан

Најдоцна 20 дена по одржаните избори Собрание се состанува на конститутивна седница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе