Вести Најважни Свет

Пронајдени се телата на двајца работници кои загинале при уривањето на мостот во Балтимор

Полицијата во Мериленд соопшти дека нуркачите пронашле две тела при уривањето на мостот во Балтимор. Инспекторите собираат докази од товарниот брод што удри во столбот и го предизвика неговото уривање, додека во водите нуркачите трагаат по телата на градежните работници кои паднаа во водите од висина од 50 метри.

„Пред 10 часот, нуркачите лоцираа црвен камионет кој потонал на длабочина од околу седум метри во средниот дел на мостот. Нуркачите најдоа две тела од оваа трагедија во возилото. Идентификувани се како Алехандро Хернандез Фуентес, 35 години од Балтимор, и Дорилан Кастиљо Кабрера, 26 години од Дандок“, изјави полковникот Роланд Батлер, полиција на Мериленд.

Официјални лица од Националниот одбор за безбедност на транспортот се качија на бродот за да ги соберат сите неопходни информации, електроника и документација со цел да се утврди причината за несреќата. Потврдено е и дека бродот пренесувал хазардни материјали.

„Вклучивме еден од повозрасните истражители на одборот за национална безбедност во транспортот за да го анализира каргото во документот. Успеа да идентификува 56 контејнери со опасен материјал. Тоа се 764 тони опасен материјал, во најголем дел се корозивни материјали, запаливи и други опасни материјали“, изјави Џенифер Хоменди, претседател на Одборот за национална безбедност во транспортот.

Истрагата забрза бидејќи регионот на Балтимор остана отцепен со ненадејното губење на главната транспортна врска што е дел од автопатот околу градот. Катастрофата го затвори и пристаништето кое е од витално значење за градската бродска индустрија.

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе