Вести Македонија Топ вести

Таравари – Курти е рол модел, не знам какви недоразбирања има со САД

Арбен Таравари, Arben Taravari

Претседателскиот кандидат на албанската опозиција Арбен Таравари вели дека недоразбирањата на косовскиот премиер Албин Курти со Вашингтон нема да влијаат на нивните односи со САД. На прашањето како поддршката од Курти за албанската опозиција во Македонија, ќе влијае врз нивните односи со САД, Таравари вели дека имаат фантастични односи со меѓународната заедница.

„Ние имаме фантастични релации со сите амбасади на сите држави во Македонија, и така и ќе продолжи. Тоа што се недоразбирања во Косово, јас не знам, меѓутоа господинот Курти има огромно влијание во Македонија. Тој е рол модел на еден политичар, искрен и некорумпиран. Ако постои таков на Западен Балкан, мислам дека Курти е најдобар пример за тоа“, рече Таравари, одговарајќи на новинарско прашање.

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за Радио Слободна Европа, рече дека има „многу разочарување“ од косовската Влада на Самоопределување, „не само во Вашингтон, туку и во Брисел, Рим, Берлин и Париз“.

Косовскиот премиер го поддржува опозицискиот Европскиот сојуз за промени во Македонија, чиј кандидат е Таравари, а поддржувачи на владејачката партија во Косово, Самоопределување, ќе се најдат на кандидатските листи на албанската опозиција за претстојните парламентарни избори во Македонија.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ се наоѓа во критичен период во процесот на интеграции

Дејан Дејан

Катимерини: Аналитичарите сметаат дека договорот од Преспа нема да биде оспорен

Дејан Дејан

Многу брзо ќе стане јасно дали Северна Македонија сака да оди кон Европа, нема да правиме повеќе отстапки, пораки од бугарскиот државен врв

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе