Вести Македонија Најважни

Тинејџер избоден до смрт во центарот на Прилеп

Свирепо убиство на младо момче доцна синоќа се случи во центарот на Прилеп. Било избодено со нож до смрт.

Според сведоштвата на Прилепчани кои испратија информации до Телма на инцидентот му претходела физичка пресметка на поголема група млади лица.

Инцидентот се случил пред деветкатницата во Прилеп во близина на градскиот плоштад. Момчето почнало да бега од групата, но паднало на влезот на прилепската чаршија по што било стигнато од групата која учествувала во тепачката.

Очевидците повикале Итна помош и околу 19:40 случајот бил пријавено во полиција. Итната помош го префрлила момчето во прилепската болница, но им подлегнало на повредите од повеќето убоди кои му биле нанесени по телото.

Полицијата го истражува убиството. Локални веб медиуми објавија претпоставки дека станува збор за малолетник на 15 – 16 годишна возраст.

Дополнително се работи на утврдување на идентитетот на момчето бидејќи кај него не биле пронајдени лични документи за да може да биде идентификувано. Надлежните дадоа наредба за обдукција на телото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минималната синдикална кошничка над 1.100 евра

Sasko Dimovski

Уапсена е директорката на „Комуналец“ Асани и уште двајца други раководители за епидемијата во Гостивар

Sonja Petrusevska

Клековски: Бројот на лица кои побарале медицинска помош е над 3.000, четворица се хоспитализирани од кои едно дете

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе