Спорт Фудбал

Македонија доби поволна група во Лигата на нации на УЕФА

Македонската фудбалска репрезентација ги доби своите ривали во Лигата на нации. Денешната ждрепка во Париз може да се кажен дека беше поволна за нашиот тим, бидејќи избегнавме некои од фаворитите како Романија и Шведска.

Македонија ќе се натпреварува во рамки на групата 4 во Ц-лигата, а за ривали ги доби стариот познаник Ерменија потоа Фарски Острови и селекцијата на Летонија. Новата сезона во Лигата на нации ќе стартува во септември  и ќе се игра до ноември годинава.

Македонија за да се искачи еден ранг погоре во Б-лигата ќе мора да заврши на првото место во својата група. Второпласираните тимови во Лигата Ц ќе играат плејоф со третопласираните тимови од Лигата Б за промоција или испаѓање. Двете селекции со најлош скор во Лигата Ц ќе испаднат во најслабата дивизија или Лигата Д.

За потсетување во ланското издание на ова репрезентативно натпреварување Македонија финишираше трета во групата 4, зад победникот Грузија и Бугарија, а бевме подобри само од Гибралтар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе