Вести Македонија Топ вести

Четири нови случаи на Голема кашлица – расте бројот на посети во „Букурешт“, се вакцинираат деца кои ја пропуштиле редовната имунизација

Четири нови случаи на Голема кашлица, здравствените работници со апел родителите сериозно да ја сфатат заканата по здравјето на нивните деца, но и на возрасните. Со ова бројот на случаи на пертусис се искачи на 22. Расте бројот и на посети во вакциналниот пункт Букурешт, по алармантната состојба и препораката на Комисијата за заразни болести да се прогласи епидемија на пертусис во Скопје.

„Доста голем број од тие посети се дечиња кои имаат наполнето 4, 5, па и 6 години, кои ги пропуштиле редовните вакцини, посебно ревакцината која се прима по редовен календар на 18 месеци. Денеска имавме околу 40 дечиња. Околу две третини од нив беа деца кои се над 3 години кои што ја пропуштиле редовната имунизација и доаѓаат да ги примат пропуштените вакцини“,изјава спец. д-р Сања Цилевска – Младеновска, вакцинален пункт во поликлиника БУКУРЕШТ

Според педијатар Цилевска-Младеновска со истава ситуација се соочиле и во 2019 кога имаше епидемија на морбили и за многу кус период вакцинирале илјадници деца со МРП вакцина и како што вели таа буквално немале ниту една несакана реакција. Биле вакцинирани и бебиња под 12 месеци, по препорака на Комисијата за заразни болести.

„Истово сега се случува, свеста за вакцинацијата не е на задоволително ниво, антивакциналните кампањи се многу агресивни и стравот кај родителите, посебно кај тие кои се несигурни, најчесто вака кога ќе букне некоја епидемија, тогаш се одлучуваат да ги донесат децата на вакцина што не е во ред, затоа што календарот за имунизација си има своја структура си има растојание меѓу двете дози, што оптимално за да се бустира, да се подигне имунитетот, затоа што е во интерес на детето и имунолошкиот одговор кој треба да го создаде“, додаде спец. д-р Сања Цилевска – Младеновска.

На Универзитетската клиника за детски болести се хоспитализирани и двете деца кои досега беа лекувани. Тоа е едно и пол месечното доенче и четири годишното девојче кои се во добра општа состојба.

„По предлогот за прогласување на вонредна состојба на пертусис во нашата држава апелите на Комисијата за вакцинирање, за зголемување на одзивот на вакцинација се надевам ќе имаме зголемување на процентот на вакцинирани и ќе го спречиме понатамошното ширење на пертусис“, изјави д-р Весна Мицевска од Универзитетска клиника за детски болести.

Министерот за здравство во техничката влада Меџити на денешниот брифинг со новинарите рече дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести. Воедно Комисијата препорача и да се забрани деца кои не се вакцинирани или делумно вакцинирани да посетуваат градинка.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе