Вести Македонија

Раководството се надева дека железничарите од утре ќе добијат греење

Тендерот за клима уреди е завршен и раководството на Македонски железници се надева дека утре ќе бидат монтирани со што ќе се реши проблемот со греењето во работилницата за сервисирање возови во Скопје.

Смрзнатите работници денеска втор ден протестираат во кругот на работилницата 11 Октомври, со што под закана дојде функционирањето на железничкиот сообраќај во земјава. Се жалат дека втора зима немаат греење и оти условите за работа се неподносливи. Велат дека една третира од вработените се на боледување. Постојано ветуваат, тие си ставија греење во дирекцијата, а за нас нема, велат насобраните механичари, бравари, дреари, кранисти…

„Моменталната температура вчера и денес во халите и во просториите каде што престојуваме е –8 степени. Како што гледате денес и вчера има сонце, значи подобро би било да бидеме на отворено отколку внатре во нашите простории“, изјави претставникот на синдикатот на вработените Ѓоко Илиевски.

Тие се жалат и дека трпеле притисоци од раководството.

Во Македонски железници велат дека до лани се грееле на мазут, но поради загадувањето го напуштиле тој тип на греење.

„Извршена е нарачка од фирмата којашто доби на тендер, која е должна во најбрз можен рок да ги достави и монтира клима уредите во работилниците и другите работни простории во компанијата, со што ќе се реши проблемот, не само на затоплување, туку и ладење кој трае со години наназад. Се надеваме дека постапката на монтажа ќе почне утре и ќе заврши во најкус можен рок“, велат во Македонски железници – Транспорт.

Поради протестот вчера не тргна единствениот воз од Скопје за Битола во 14:30. Во работилницата се сервисираат и поправаат возовите пред да се пуштат во сообраќај.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: Владеењето на правото клучен предуслов за успешна евроинтеграција

Kristina Kuzmanovski

Во Скопје дувал ураган со брзина од 130 километри на час – најсилен скопски ветер измерен по 36 години

Дејан Дејан

Клековски: Водата за пиење во Гостивар ќе биде пуштена во употреба кога ќе биде апсолутно сигурна

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе