Вести Македонија

Смрзнатите железничари на протест – бараат греење во работните простории

Возот од Скопје за Битола во 14:30 часот не тргна, зашто нема локомотива, а синдикалната подружница на работилницата на влеча на возови во Скопје се заканува со целосна блокада на железничкиот сообраќај ако не им стават греење во работните простории. Во Синдикатот се жалат дека втора зима по ред смрзнуваат, а една третина од работниците се на боледување. Најавуваат дека протестот ќе трае додека не им стават греење.

Во работилницата се сервисираат и поправаат возовите пред да се пуштат во сообраќај. Во нивната работилница во моментов се заробени две локомотиви, но има сервиси и во Трубарево и во Гевгелија, кои во моментов не протестираат. Денеска сообраќаат возовите кои биле прегледани вчера пред да почне протестот.

Се жалат дека дел од работниците, поради студот, си отишле пред крај на работното време, а раководството им испратило контрола дали се на работа.

„Нема да ги извршуваме работните обврски. Со тоа машините, влечните средства и гарнитурите кои сообраќаат низ целата држава не се во исправна состојба. Ако колегите машиновозачи ги земат без да бидат прегледани, а не смеат… Кој ќе земе одговорност да вози неисправна машина“, вели Ѓоко Илиевски од синдикалната подружница на Влеча на возови во Скопје.

Во Македонски железници – транспорт не одговорија на нашите прашања како овој протест ќе се одрази на железничкиот сообраќај и дали ќе им ги исполнат барањата на вработените.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Скопје по невремето – откорнати дрвја, кровови и огради по улиците и училишните дворови

Sonja Petrusevska

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе