Вести Македонија Најважни

Протест на работниците кои ги одржуваат возовите- механичари, бравари, кранисти работат на температури под нулата

Во незагреани простории на минусни температури механичари, бравари, кранисти, вработени во халите за одржување на возовите веќе подолго време ги извршуваат своите работни обврски.

Од вчера започнаа протест со барање менаџментот да им обезбеди основни услови за работа.

Се жалат и дека иако им биле ветени нови вработувања, бидејќи старосната граница на овие лица е околу 60 години, сепак ништо од тоа не е остварено.

Не знаат кога да го очекуваат вториот дел од декемвриската плата бидејќи примањата им се исплаќале во делови.

Обвинуваат и дека раководството врз нив секојдневно врши притисоци.

„Се врпи притисок врз нас да се вратиме на работа, дојдоа во 15 часот за да направат контрола дали сме на своите работни места и ни направија алкотест. Ова не е првпат да ни прават ваква тортура. Ни ветуваа нови вработувања, кои за жал , не се остварија. Исплатата на платата е неизвесна“, изјави за Телма Ѓоко Илиевски, претставник на врабтените во Македонски Железници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума награден на фестивалот во Ерусалим, а ќе има европска премиера во Сараево

Дејан Дејан

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25%

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски најави можно поевтинување на горивата следната недела

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе