Вести Македонија Најважни

Од Трудов велат неважно е чии роднини се вработените во случајот со М-НАВ, додека ја проверуваат законитоста на постапките за вработување

Документацијата е одземена, досиејата се обемни, а фактичката состојба сѐ уште не е утврдена. Инспекторите за труд бараат време за точно да можат да кажат што и како се правело во Македонска навигација и како се спроведувани огласите и вработувањата.

Истото се прави по одлука на властите. Но, од Државниот инспекторат за труд тврдат – и без одлука, ќе постапувавме по допрен глас.

Емисијата КОД на Телма објави детали за роднинските врски на дел од вработените во М-НАВ, со министри и други високи функционери. Во емисијата за упадот во контролата на летање, се споменати сестрата на министерот за надворешни работи Бујар Османи од ДУИ, снаата на вицепремиерот Артан Груби и внукот на министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Премиерот Ковачевски по упадот во Контрола на летање изјави дека оваа институција се претворила во семејна фирма, каде се вработувале роднини и до трето колено.

во претходните години не е извршен инспекциски надзор. веднаш по добивањето на одлуката, но без разлика на тоа и да немаше ваква одлука, Инспекторатот постапува и по допрен глас во услови кога има одредени неправилности коишто укажуваат на дел од правата од работен однос. кога станува збор за вработен тогаш за нас е неважно чиј роднина е. За нас, сите се вработени. Така што, доколку постои повреда на правото од работен однос или незаконска постапка на вработување, во тој случај за нас е важен поимот „вработен“ и „работник“, вели Весна Томовска, директорка на Државниот инспекторат за труд.

Од Трудов велат – не сме истражен орган, надлежните нека ја спроведуваат истрагата. Но, директорката Томовска потенцира дека ќе се координираат и со Финансиска полиција. И оваа институција го има „под лупа“ работењето во М-НАВ.

Во меѓувреме, од Инспекторатот извршиле разговор и со претставникот на синдикатот на вработените во Македонска навигација.

Сѐ што е прибрано како информација ќе влезе во целокупниот записник за случајот.

За еден ваков пообемен надзор, најмал временски период во којшто може да се изготви записникот е една недела. А, и согласно законот за инспекциски надзор, ние имаме подолг временски рок за изготвување на ваквите инспекциски надзори. Значи, да оставиме инспекторите професионално да си ја завршат работата, додава директорката на ДИТ, Томовска.

Вчера, КОД објави дека меѓу вработените во Македонска навигација има и роднини на други функционери и политичари.

Меѓу вработените се и синот и снаите на поранешниот пратеник на ДУИ, Ејуп Алими, како и внукот на советникот на директорот во М-НАВ, Беким Незири – кој сега осомничен за упадот во контролата на летање.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Педесет милиони евра финансиска помош за Македонија од Европската комисија

Дејан Дејан

Во Иран се избира нов парламентарен состав

Дејан Дејан

В недела инаугурација на Силјановска, до 28 мај конституција на новиот парламентарен состав – техничка влада до избор на новата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе