Вести Код Македонија

КОД: Сестрата на Бујар Османи, снаата на Артан Груби, внукот на Љупчо Николовски, блиската фамилија на екс пратеникот Алими- сите се вработени во МНАВ

Во вечерашната емисија за упадот во контролата на летање, КОД открива дека во М-НАВ се вработени сестрата на министерот за надворешни работи Бујар Османи (ДУИ), снаата на вицепремиерот Артан Груби (ДУИ) и внукот на министерот за земјоделие Љупчо Николовски (СДСМ).

По упадот во М-НАВ, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека оваа институција се претворила во семејна фирма каде се вработувале роднини и до до трето колено.

КОД објави дека меѓу вработените во М-НАВ има и роднини на други функционери и политичари. Меѓу вработените се и снаата и синот на поранешниот пратеник на ДУИ Ејуп Алими, внукот на советникот на директорот во М-НАВ Беким Незири (сега осомничен за упадот во контролата на летање), а извори на КОД тврдат дека е вработен и внук на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши.

Роднините на Николовски и на Незири се вработени како помошници контролори, а во оперативниот дел работи и сестрата на министерот Бујар Османи. Останатите роднини работат во администрацијата на М-НАВ.

Османи за „Код“ испрати одговор дека неговата сестра работи во М-НАВ 15 години. Министерот Николовски кој претходно беше и вицепремиер за борба против корупција и за добро владеење одговори дека „станува збор за високостручен професионален кадар школуван во Јапонија, Кина, дипломиран на проблематиката каква што се бара на високорангиран универзитет во Словенија, со сите професионални капацитети за какви Република Северна Македонија треба да се бори да ги задржи“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кремљ: Испраќање војници на НАТО во Украина би било исклучително опасно

Дејан Дејан

Шимоните за „Фајненшл тајмс“: Литванија подготвена да испрати војници во Украина за обука

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста се зголемува, поголема заинтересираност за Парламентарни отколку за Претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе