Вести Македонија Топ вести

Владата ги отвори понудите за универзален снабдувач со струја – ЕВН и ЕСМ нудат исто, а се пријавиле и ЕДС заедно со фирма која е во ликвидација во Србија

Понудите се на маса, а Владата ќе одлучува – кој ќе биде универзален снабдувач со струја во следните пет години. Во рокот за пријавување пристигнале три понуди.

ЕВН и ЕСМ Продажба нудат бруто маржа од 11,4%. Во понудата на ЕДС, бруто маржата изнесува 11,45%.

Од Влада не прецизираат кој ги исполнува условите. Потенцираат дека операторите чии понуди се согласно критериумите наведени во тендерот, ќе бидат поканети на наддавање преку електронска аукција.

„Како почетна вредност ќе се земе најниската од понудените маржи на економските оператори. Понудувачот кој на електронската аукција ќе понуди најниска маржа ќе биде поканет да го потпише Договорот за универзален снабдувач со електрична енергија. При отворањето на понудите, присутни беа овластени претставници на дел од економските оператори. Истите немаа никакви забелешки за процесот на отворање на понудите“ се вели во дел од соопштението на Владата.

Согласно информациите на Комисијата, до објавениот рок пристигнати се понуди на наведените три економски оператори. Калкулациите на ЕВН и ЕСМ се исти, а со ЕДС АД Скопје на јавниот повик се пријави и ПАН ИНТЕРТРЕЈД – фирма која е во ликвидација во соседна Србија, а во Македонија работи со еден вработен и годишен обрт од петстотини илјади евра.

За универзален снадбувач ќе биде избран оној кој ќе понуди најниска профитна маржа, која во моментов изнесува 11,5 отсто. Меѓу условите кои се јасно дефинирани стои и дека фирмите треба да имаат 40 милиони евра работен капитал. Ова е далеку повеќе од она што се бараше на претходниот повик.

Операторот кој ќе биде избран, улогата на снабдувач со струја на повеќе од осумстотини илјади домаќинства и мали потрошувачи ќе ја преземе од јуни. Снабдување со струја ќе врши во следните пет години, до 2029 година.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе