Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми.
Во верижен судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во провинцијата Сакарија, на околу 150 километри од Истанбул. Причината за несреќата се уште не е утврдена. Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла, а видливоста е слаба.
Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз за локалните медиуми изјави дека 57 лица се повредени и пренесени во болница, од кои седум се во тешка состојба.
Покрената е истрага за несреќата, но гувернерот Јашар Карадениз од Сакарија рече дека најверојатно се случила кога возило удрило во камион при слаба видливост, предизвикувајќи други несреќи одзади.
Во несреќата учествувале најмалку три меѓуградски автобуси.
Властите веруваат дека некои патници загинале кога ги напуштиле возилата и биле удрени од друго возило, изјави Карадениз.
Седум од повредените се во тешка состојба, изјави гувернерот.




