Вести Најважни Свет

Масакр во Прага: 14 убиени на Универзитетот, полицијата се сомнева дека елиминираниот убиец има извршено и двојно убиство на татко и 2-месечно бебе

Чешките власти соопштија дека утврдиле смрт на 14 лица во масакрот на Универзитетот во Прага. Дел од загинатите се идентификувани.

  • Досегаа идентификувавме 11 починати и работиме на утврдување на идентитетот на другите жртви. Очекуваме завршување на првичните операции на местото во утринските часови, соопштија од полицијата на мрежата Икс.

Уште 30 лица се повредени, а здравствените институции соопштија дека состојбата на ранетите е стабилизирана иако неколкумина се во тешка состојба.

Убиецот ги застрелал своите жртви во глава, грб и во гради. Преживеаните од Филозофскиот факултет раскажуваат дека убиецот се шетал од предавална во предавална и пукал во луѓето кои ќе ги начекал внатре.

  • Се спуштивме кат подолу и се сокривме во една училница. Легнавме под клупите. Од 4-тиот кат се слушаа истрели. Постојано. Личеше на егзекуција. Потоа се појавија полицајци со автоматски пушки и бевме евакуирани од зградата, раскажала студентка за чешките медиуми.

Убиецот е елиминиран, а пред да биде застрелан со оружјето од терасата на факултетот пукал кон минувачи на мостот кој води кон факултетската зграда.

Полицијата сега истражува дали тој е поврзан со двојно убиство извршено во шума-парк во блозина на Прага кога биле убиени двомесечно бебе и нејзиниот 32-годишен татко. Полицијата има докази кои ги поврзуваат двојното убиство и масакрот во Прага. Претходно убиецот Давид К. 24-годишен студент на факултетот каде се случи масакрот, излегол од својата куќа во селото Кладно кај Прага, каде е најдено телото на неговиот убиен татко.

Чешката влада прогласи ден на жалост во сабота. Масакрот во Прага е злосторство со најмногу жртви во Чешка.

Во сабота ден на жалост во Чешка по пукањето на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе