Вести Најважни Свет

Во сабота ден на жалост во Чешка по пукањето на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица

Чешкиот премиер Петр Фијала соопшти дека владата донесе одлука 23 декември (сабота) да биде Ден на национална жалост поради пукањето на Карловиот универзитет во Прага, во кое загинаа најмалку 15 лица, вклучувајќи го и напаѓачот.

  • Владата донесе заклучок во кој изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите и со едноминутно молчење на почетокот на владината седница им оддаде почит на жртвите од престрелката, рече Фијала синоќа, пренесен од чешките медиуми.

Премиерот ги повика граѓаните на Чешка на 23 декември во 12 часот со едноминутно молчење да им оддадат почит на жртвите, додавајќи дека во тоа време ќе бијат и црковните ѕвона низ целата земја.

Вчера на плоштадот Јан Плач во Прага се случи пукање на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во кое според последните информации од полицијата загинаа 15 лица, меѓу кои и напаѓачот, додека 24 се повредени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Дејан Дејан

Левица: Парното поскапе двапати за осум месеци, а Мицкоски пљачката ја прекрсти во „најниска цена во регионот“

Дејан Дејан

Макрон: Условите во Жиронд се „многу тешки“ – се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе