24 годишен студент уби најмалку 15 лица и повреди други 24 на Карловиот универзитет во Прага, извршувајќи го досега најкрвавото масовно убиство во Чешка. Властите стравуваат дека бројот на жртви ќе продолжи да се зголемува, затоа што неколкумина од повредените се во критична состојба.
Би сакал да изразам најдлабоко сочувство на сите роднини и пријатели на жртвите на овој досега невиден и налудничав чин, каков Чешката Република не доживеала во својата историја, изјави министерот за внатрешни работи вит ракушан.
Напаѓачот, кој загинал за време на својот крвав пир, претходно го убил и татко си, се сомнева полицијата која соопшти дека пред нападот во факултетот добиле пријава дека 24 годишно момче сака да се самоубие.
Релативно брзо откривме дека тој е студент на Филозофскиот факултет и откривме дека има предавање во 2 часот, во зградата на Филозофскиот факултет на улица „Целетна“. Затоа веднаш дојдовме на улицата „Целетна“ и зградта на Филозофскиот факултет и започнавме со евакуација, која ја завршивме во 2 часот и 22 минути, и продолживме со потрагата по овој човек, изјави началникот на прашката полиција, мартин вондрасек.
Началникот на полицијата во Прага, Мартин Вондрасек рече дека напаѓачот претрпел тешки повреди, но не појасни дали самиот си ги нанел или бил застрелан од полицијата. Според тоа што прашката полиција го соопшти, убиецот легално поседувал неколку оружја а нападот во Филозофскиот факултет бил добро испланиран, и покрај првичните информации кои навестуваат спротивно.
Властите не го објавуваат идентитетот на напаѓачот, ниту неговите мотиви за извршување на овој грозоморен чин. Сепак, Чешката влада и полицијата побрзаа да појаснат дека засега нема никакви идниции оти ова е некаков терористички напад.
Сакам да упатам една информација до меѓународната сцена: Во овој момент нема докази дека овој чин на било каков начин е поврзан со тероризам, порача ракушан.
Причината за оваа реакција на властите е што Филозофскиот факултет се наоѓа на плоштадот Јан Палах, на реката Влтава со поглед кон Прашкиот замок, каде што се наоѓа и резиденцијата на чешкиот претседател и во близина на живописниот Стар плоштад. Целата оваа област на Прага е популарна шеталиште како за жителите, така и за туристите, а за време на нападот на Стариот плоштад имало илјадници посетители на Божиќниот базар.
Игор Трајков
