Останато Спорт

ИОК: Руските и белоруските спортисти можат да учествуваат на ОИ во Париз

Руските и белоруските спортисти добија дозвола да се натпреваруваат на претстојните Олимписки игри во Париз 2024 година. Тие ќе мораат да учествуваат под специјални околности, односно ќе бидат третирани како неутрални спортисти, соопштија од Интернационалниот олимписки комитет.

Спортистите од Русија и Белорусија, кои веќе имаат обезбедено олимписка норма ќе можат да учествуваат на игрите како неутрални, односно нема да смеат да истакнуваат знаме, амблеми или химна од својата земја.

Сите спортисти и спортски федерации од овие две земји беа суспендирани од ИОК уште во февруари 2022 година поради инвазијата на Русија врз Украина. Дозволата за учество на Олимписките игри во Париз се однесува само на индивидуалните спортисти. Тимските спортови и натаму се под суспензија.

Од ИОК напоменуваат дека секој спортист, тренер или било кој друг член на тимовите ќе бидат суспендирани од Игрите ако јавно ја подржуваат војната на Русија.

Олимписките игри во Париз стартуваат на 26 јули идното лето и ќе траат до 11 август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија досега три пати победила со +8 во бараж за СП, а еднаш и поубедливо

Desk

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе