Ракомет Спорт

Македонскиот клупски ракомет падна пет места: Веќе немаме сигурно место во ЛШ

Македонскиот клупски ракомет го загуби директното место во машката Лигата на шампиони. Според најновиот ЕХФ-ранкинг на коефициентот на клубовите од секоја држава, Македонија има пад од дури пет позиции и сега се наоѓа на 13-тото место.

Македонскиот ракомет лани беше рангиран во ТОП 8 во Лигата на шампиони, па очекувано имаше директно место во елитното клупско натпреварување. ЕХФ го прави рангирањето за следната сезона базирано на резултатите во изминатите три сезони односно од 2020 до 2023 година. Со оглед на фактот дека лани Македонија немаше претставник поради суспензијата на Вардар, тоа придонесе нашиот коефициент сериозно да падне, од осмото место на 13-тото за следната сезона.

Нашиот клупски ракомет имаше сериозен коефициент во минатото благодарение на двата трофеи на Вардар во Лигата на шампиони освоени во 2017 и 2019 година. Овие резултати повеќе не се важат, па Еурофарм Пелистер сезонава е последниот македонскиот првак што доби загарантирано место.
Од следната сезона, шампионот на Суперлигата ќе има право да аплицира за вајлд-карта, а ЕХФ ќе даде вкупно шест вакви покани. Најдобрите осум земји, Шпанија, Германија, Полска, Франција, Данска, Унгарија, Португалија и Норвешка добиваат директно место во елитата. Белорусија иако е седма според коефициентот, нема да добие шанса да игра во Лигата на шампиони поради суспензијата, па оваа покана ќе оди за најдобрата федерација во Европската лига.

Во второто по ранг клупско натпреварување, македонскиот ракомет има две места, но ниту едно не е загарантирано за директен плсман во групната фаза во Европската лига. Во ЕХФ Купот исто така ни следуваат две места.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Серџо Консеисао е главен фаворит да биде нов тренер на Милан

Дејан Дејан

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе