Вести Свет

Грчка сопирачка за пристапните преговори на Албанија

На Албанија и се случува Македонија. Грција ја блокира нејзината евроинтеграција обвинувајќи ја за кршење на човекови права. Случајот Белерис станува причина нашиот западен сосед да не добие покана за отварање на пристапните преговори. Анализите на грчкиот весник Катимерини говорат дека овој настан може да ги раздвои Македонија и Албанија, чии кандидатури одеа во пакет. Но, не споменуваат ништо што ќе се случи доколку и нашата земја не го исполни европскиот услов – уставни измени. Некои аналитичари во Македонија веруваат дека на декемврискиот самит на ЕУ, преговорите со двете земји ќе останат блокирани – Македонија од Бугарија, Албанија од Грција.

Спорот меѓу Албанија и Грција почна во мај, кога беше уапсен кандидатот за градоначалник од грчкото малцинство Фреди Белери. Обвинет за поткуп на гласачи и во притвор, тој сепак беше избран за прв човек на Химара. Грчките власти со месеци бараат ослободување со предупредување дека „Албанската страна си пука во нога“. Атина остава простор да ја ревидира својата позиција доколку му се овозможи на Белерис да даде заклетва и да почне да ги извршува своите градоначалнички обврски. Следното рочиште е закажано за 22 ноември, но во меѓувреме треба да заседава Специјалниот суд назначен од албанските судии и да одлучува за притворот.

Ова е прва блокада за Албанија.  Грција не се согласи на заедничко писмо со 27-те земји членки на ЕУ за отварање на првите поглавја со Албанија.  Тоа значи замрзнување на првата серија пристапни фондови. По блокирањето на финансиските средства, можни се и други блокирачки чекори од Грција. Атина наведува дека „се зависи од Тирана“.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОДИХР: Компетитивни и мирни избори, но полни со националистичка реторика и етнички поделби

Дејан Дејан

Голем протест во Шведска, Израел не посакуван на евровизија , меѓу демонстрантите и Грета Тунберг

Дејан Дејан

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе