Бебе старо десет дена почина од сепса на Клиниката за детски болести во Скопје, каде една недела претходно во тешка состојба било донесено од прилепската болница.
Мајката Лиле Петровиќ на социјалните мрежи во детали ја опишува голготата низ која мниала и го обвинува медицинскиот пероснал во Болницата во Прилеп. Вели дека бебето се роди на 27 октомври со апгар 10, без никакви здравствени проблеми. Но, по два дена и соопштиле дека има жолтица и дека ќе го оди на фототерапија, а потоа мајката и бебето ќе бидат пуштени дома.
„По 6 часа јас бев спремна да си одиме, дојде сестрата и ми кажа дека бебето ќе биде зрачено уште 6 часа . Вечерта детето ми беше донесено само половина час и го зедоаа. Што се случуваше таа вечер ќе остане секогаш мистерија. Што правеле сестрите кои биле оставени без доктор во цел оддел.? Во 5:30 наутро дошла докторката која кога видела што се случува со бебето почнала да им вика што направиле со него. Му направила уште една крвна слика која немало никакви знаци на инфекција“, пишува на својот фејсбук профил Лиле Петровиќ .
Од Болницата во Прилеп потврдија дека новороденчето се роди во добра здравствена сосотјба, воспоставено било доење но потоа поради податок за бактериска и вагинална инфексвицја кај мајката, земена е крв од новороденчето, која сепак била со уреден наод. Но сосотјбата се влошувала поради што бебето е транспортирано на Детската клиника во Скопје
-На 29 октомври земен билирубин и поставено на фототерапија. Утрото на 30 октомври во 04 часот, поради одбивање на новороденчето да цица и потешкотии со дишењето, од страна на медицинската сестра е повикан дежурен лекар. Земена е крв за анализи, поставена е инфузиона, двојна антибиотска терапија. Во консултација со лекар од Клиниката за детски болести новороденчето во 07 часот наутро е испратено во Скопје . – велат од Општата болница Прилеп
Од Клиниката за детски болести во Скопје велат дека бебето кај нив било донесено во исклучително тешка здравствена сосојба, со апнеи, примено било на одделот за интензивна нега, потоа и интубирано, а откажале и бубрезите. Директорката на клиниката Стојка Фуштиќ за телма рече дека сите параметри укажуваа на рана неонатална сепса. По 7 дневна битка на лекарите, бебето почина на Клиниката за детски болести во Скопје. Родилката пак прашува зошто лекарите од прилепската болница чекаа три дена да се влоши сосотјбата на здраво родено бебе и обвинува за лекарска грешка.
Емилија Мисирлиевски
